Во центарот на Баку врие од полиција, навивачите на Арсенал пејат за Мхитарјан (Видео)

Се е подготвено за финалето од Лигата на Европа меѓу Арсенал и Челзи, во Лигата на Европа. Уште пред неколку дена започнаа тензиите на релација меѓу играчот на Арсенал, Хенрик Мхитарјан и властите во Азербејџан, каде се игра финалето. Ерменскиот фудбалер реши да не патува во Баку, одлука што ги разочара фановите на Арсенал, но тие застанаа во одбрана на својот фудбалер.

Во Баку има навивачи на двата англиски тима, но сепак тоа не е во толкав број како што се очекува кога за трофеј играат клубови од Островот. Во вакви ситуации најчесто има нереди кои ги создаваат навивачите на двата клуба, но овојпат не е така. Утрово имаше ситуација кога фанови на „топчиите“ беа сопрени од полицијата затоа што носеа дресови од ерменскиот фудбалер.

Непосредно пред мечот, фановите на Арсенал во центарот на Баку пејат песни во чест на Мхитарјан, а полицијата ја следи ситуацијата.

https://twitter.com/i/status/1133767641171222529

 

- Оглас -

Најнови вести