Во Црна Гора ќе се игра фудбал со присуство на публика

Црногорската Прва лига на програмата се враќа на 30 мај со натпреварите од 24-тото коло, а во меѓувреме премиерот Душко Марковиќ потврди дека натпреварите ќе се играат со присуство на публика. За разлика од останатите шампионати во Европа, каде што влезот на трибини е забранет за навивачите, во Црна Гора тоа нема да биде така.

„Ограничен број публика ќе биде дозволен на спортските настани согласно мерките за заштита од ковид-19“, потврди Марковиќ.

За време на пандемијата со корона-вирусот, само во Белорусија беше дозволено присуство на публика, додека во лигите кои се играат, како и во оние кои допрва треба да продолжат, ќе биде забрането. Како што е веќе познато, првенствата во Франција, Белгија и Холандија се прекинати.

- Оглас -

Најнови вести