Екипата на Јединство од Бијело поле со 3:2 славеше над Петровац во меч од 15 коло на првенството во Црна Гора. Домаќините водеа со 1:0, потоа гостите направија пресврт за предност од 2:1, но следуваше нов пресврт и Јединство со два погодоци стигна до победа.
Дуелот се најде во фокусот на пошироката јавност поради автоголот кој беше постигнат во 90 минута за победа на Јединство. Комична беше реакцијата на домашната одбрана, а во главна улога беа голманот на гостите Кордиќ и дефанзивецот Дедиќ.
Голманот одбрани еден удар и кратко ја одби топката. Дедиќ се двоумеше дали да игра со топката или голманот повторно да интервенира и да ја прифати во своите раце. Од позади притрча еден противнички играч, па Дедиќ ја шутна топката во сопствената мрежа.
Prosto #CrnogorskiFudbal ❤️
Defanzivac i golman Petrovca imali su blagi nedostatak komunikacije. Gol Jedinstva za 3:2 u 89. minutu. Dešava se… pic.twitter.com/9Q0epftEQP— CGsport.me (@cgsportme) November 2, 2024