35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Во Црвена ѕвезда би сакале ЦСКА да биде првак на Бугарија

Навивачите на Црвена ѕвезда со големо внимание ја следат завршницата на првенства низ Европа, надевајќи се дека нивниот омилен тим ќе биде меѓу носителите во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Како што стојат работите во моментов, за да биде повластена во второто коло и да добие полесен противник, Ѕвезда треба да се надева оти ЦСКА Софија ќе биде шампион на Бугарија.

Во моментов, во бугарската лига води Лудогорец кој има пет бода повеќе од ЦСКА, но „червените“ имаат и еден натпревар помалку, оној утрешниот со Ботев од Пловдив. Победа на ЦСКА ќе значи вжештување на трката за титулата, а решавачки може да биде директниот дуел на ЦСКА и Лудогорец на 11 мај.

На Србите не им оди во прилог изгледот на табелата во Полска и Азербејџан, па ако Лудогорец биде првак на нашиот источен сосед, тогаш Ѕвезда ќе биде меѓу неносителите и за потенцијални ривали ќе ги има Копенхаген, Селтик, Динамо и Апоел.

- Оглас -

Најнови вести