12.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Во Црвена ѕвезда се „крчка“ уште еден голем трансфер, Тадиќ во Белград заедно со Арнаутовиќ

Марко Арнаутовиќ стана едно од најзвучните засилувања на Црвена ѕвезда во 21 век, а сега желба на српскиот шампион е Душан Тадиќ.

Според последните информации, Тадиќ уште не е спремен да се врати во Србија, но Ѕвезда не се откажува бидејќи тој уште нема нов клуб по заминувањето од Фенербахче.

Тадиќ и Арнаутовиќ се најдоа заедно во Белград, во лекарската ординација на Андреја Милутиновиќ, а во друштво им беше и Александар Митровиќ.

Митровиќ е експартизановец и нема шанса да премине во Ѕвезда, па и поради неговата висока цена, затоа само за Тадиќ е ширум отворената вратата доколку реши да се врати во татковината.

Заедничката фотографија ги запали фановите дека можеби Арнаутовиќ и Тадиќ ќе станат клупски соиграчи во претстојната сезона.

Поранешниот капитен на српската репрезентација има 36 години. Тој ја започна својата кариера во Војводина, а играше и за Гронинген, Твенте, Саутхемптон, Ајакс и Фенербахче. Негов следен клуб може да биде Бенфика која е најзаинтересирана.

- Оглас -

Најнови вести