Денеска во Струмица и Турново се одиграа првите мечеви од квалификацискиот турнир за ЕП за селекции до 17 години. Македонските таленти одиграа 2:2 на дуелот против Унгарија на стадионот „Младост“ во Струмица, додека Чешка го понижи Гибралтар и славеше со 13:0 на стадионот во Турново.
Тоа што беше специфично за мечот во Турново е дека младинците на Чешка едноставно немаа милост против врсниците од Гибралар и на полувреме водеа со неверојатни 10:0.
Тоа ги налути фудбалерите на Гибралтар кои едноставно негодуваа што противниците толку силовито играа во текот на сите 45 минути. Чесите сепак во второто полувреме намалија во темпото и постигнаа само три гола и на крајот стигнаа до победа од 13:0.
Инаку ова е прв пат во едни квалификации за играчи до 17 години некој тим да води со 10:0 на полувреме. Како изгледаше „шоуто“ во Турново може да видите ТУКА.