9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Во Турција е доделен еден од најбизарните црвени картони оваа сезона (Видео)

Трабзонспор славеше над Касимпаша со 2-1 во меч од турската Супер лига, но моментот од 90-тата минута се прераскажува не само во Турција, туку и во цела Европа.

Гостите брзаа да изведат слободен удар, а судијата покажа да сочекаат да даде знак. Реагираше Керем Демирбај кој одмавна со раката кон судијата, па веднаш доби жолт картон. Следуваше реакција со аплауз и повторно одмавнување, па го доби и вториот жолт картон, автоматски и црвен.

Проценете сами дали судијата престрого го исклучи.

 

- Оглас -

Најнови вести