Во Турција ќе се игра фудбал, но не и кошарка

Турската кошаркарска федерација означи крај на сезоната во сите шампионати. За разлика од фудбалот, чиј камбек е потврден за 12 јуни, кошарката во Турција ја заврши сезоната.

Информациите ги соопшти првиот човек на Федерацијата, Хидо Туркоглу, потврдувајќи дека нацоналните првенства нема да добијат шампиони, а ниту ќе има испаѓања. За останатите детали, како учеството во европските натпреварувања, допрва ќе се дискутира со клубовите.

Пред прекинот на првенството во Суперлигата, на лидерската позиција се наоѓаше актуелниот првак Анадолу Ефес со учинок од 20-3, пред најголемиот ривал Фенербахче со 18-5, Галатасарај 16-7 и Тофаш 15-8.

Доколку меѓународните натпреварувања одлучат да ја доиграат сезоната, Анадолу и Фенер ќе имаат обврски во Евролигата, додека Тофаш ќе продолжи со учеството во Еврокупот.

 

- Оглас -

Најнови вести