Во Турција може да се биде најдобар и без купување на скапи ветерани

Екипата на Сивасспор славеше на гости кај Бешикташ со 2-1, и потврди дека не случајно се наоѓа на првото место во турскиот фудбалски шампионат.

За разлика од Башакшехир кој е втор со четири бода помалку, или гигантите Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ, во составот на Сивасспор нема играчи кои се познати за пошироката публика. Немаат ветерани кои некогаш играле за најголемите европски клубови. Можеби немаат ѕвезда на голот, но не им ни треба некој како киксерот Лорис Кариус од Бешикташ кој вечерва кумуваше при првиот гол на гостите.

Според имињата на играчите, Бешикташ има многу позвучен состав од Сивасспор, но на терен се покажува дека не секогаш парите се пресудни. Сивасспор има 10 бода повеќе од Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести