Во Унгарија е „смрзнување“, но македонското сонце секогаш ги грее нашите навивачи!

Неколку стотици навивачи деновиве заминаа за Унгарија, поточно во Дебрецин, за да ја бодрат македонската ракометна репрезентација на уште едно големо натпреварување. Европското првенство е нов предизвик за ракометарите, но и за нашите најверни фанови кои се препознатлив декор на трибините кога игра Македонија.

Во овие зимски денови, во Унгарија е многу ладно деновиве, па утрово се измерени минус 13 степени, но како што велат нашите фанови кои заминаа да ја бодрат Македонија, тоа нема да биде проблем да се создаде препознатливата жешка атмосфера во салата денеска на дуелот против Словенија.

„Надвор е ладно, но во срцата секогаш ни е топло кога одиме да ја бодриме Македонија каде и да игра“, велат навивачите во еден глас, кои ниту петчасовното чекање за влез во Унгарија на граничниот премин „Хоргош“ не дозволија да им го расипе расположението.

Македонија од 18 часот во Дебрецин игра во првото коло на ЕП против Словенија, а на трибините треба да има голема поддршка од препознатливата „Фаланга“.

- Оглас -

Најнови вести