13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Во ВАР собата сè се гледа, досуден пенал против Вардар

Вардар и Тиквеш постигнаа по еден гол во првото полувреме на нивниот меѓусебен дуел во Скопје, а во финишот на првиот дел, беше досуден пенал за гостите од Кавадарци.

Вардар поведе со гол на Чимбембе, па кавадарчани почнаа да играат похрабро, имаа неколку опасни напади, а по еден шут на Иван Ивановски, топката го удри во рака Филип Најдовски.

Судијата на терен, Доне Ристовски, беше повикан од колегата Никола Костенчев кој е во ВАР собата да види забавена снимка од спорниот момент. Ристовски процени дека имало игра со рака и покажа на белата точка, а Ивановски беше сигурен реализатор и кавадарчани имаат реми по првиот дел.

Ова е петти лигашки меч по ред на Вардар на кој има пенал. Претходните четири беа во полза на Црвено-црните, а еве сега е досудена најстрога казна и против најтрофејниот клуб.

- Оглас -

Најнови вести