Лидс е во голема криза и повторно загуби меч во Премиер лигата, вчера со 0:3 од Астон вила, но екипата од Јоркшир беше драстично отштетена во 16-тата минута, при резултат 0:0.
Оли Воткинс стартуваше грубо со отворен ѓон во дуелот со Лук Ајлинг и наместо да биде исклучен, доби само жолт картон.
Потфрлија судиите во ВАР-собата, кои не му сугерираа на главниот арбитер Симон Хупер да го провери моментот и стартот на напаѓачот на Астон вила со помош на ВАР-системот.
Според правилата, со ВАР-системот е дозволено главниот судија да проверува старт што е сомнителен ако се работи за исклучување, а Воткинс по сите правила на фудбалската игра, требаше да добие црвен картон.
Потоа следуваше нов потоп на Лидс и пораз од 0:3, а урнат е и црниот клупски рекорд.
Со тројката што ја примија од Астон вила, сега имаат примено 64 гола по 28 кола, што е најлош ефект во клупската историја на Лидс, односно првпат примиле толку голови по одиграни 28 натпревари во кое било натпреварување.
Leeds Utd 0-3 Aston Villa: New manager, same issues.
Leeds have now conceded 64 Premier League goals in 2021-22, which is a competition record by a club after 28 games in a season. pic.twitter.com/Gj9mewYcX4
— The Analyst (@OptaAnalyst) March 10, 2022