Во Верона ептен го мразат Наполи, на Русите им покажаа координати за бомбардирање на Неапол (Фото)

Екипите на Верона и Наполи од 15 часот го почнуваат својот меч од Серија А, а фановите на клубот од градот на Ромео и Јулија, толку многу го мразат Наполи, што синоќа истакнаа транспарент на кој имаше координати за градот Неапол и барање до Русите или Украинците да бомбардираат на таа географска должина и ширина.

Навредите кон спортски ривали се нешто вообичаено, но ова се чини дека ги надмина сите граници на дозволеното. Ова не е првпат во Верона да посакаат Неапол да биде срамнет со земја, во минатото „бараа“ од вулканот Везув кој е во близина на Неапол, „да им направи услуга, и да си ја заврши работата“.

- Оглас -

Најнови вести