Во време кога поради корона-вирусот нема спорт, се раѓаат спортски херои, но на други полиња

Во Босна и Херцеговина веќе одреден период дивееше пожар на планината Динара, но пожарникарите конечно успеаја да го локализираат и да го стават под контрола. Во борбата против пламените јазици се приклучија и доброволци, а еден од нив беше и 15-годишниот Али Сарајлиќ.

Али е дете кое тренира фудбал во помалку познатиот тим на Клис Бутуровиќ. Тинејџерот без размислување се пријави да помогне во гаснењето на пожарот, а по исцрпувачката борба со огнот, Али од преголем замор, едноставно легнал и заспал.

Токму таа фотографија на Али стана симбол на борбата против пожарот кој деновиве беснееше во Босна и Херцеговина. Едноставно уште еднаш се потврди дека фудбалерите може да бидат херои и во време кога не се игра на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести