28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Во Жирона се горди на Миовски, за голот против Велс му честитаа на македонски јазик (Фото)

Бојан Миовски имаше одличен настап во националниот дрес на Македонија. Во мечевите против Лихтенштајн и Велс, Миовски постигна по еден гол, а имаше и една асистенција на гостувањето кај аутсајдерот.

Првиот напаѓач на Македонија синоќа донесе голема радост со погодокот во 90+1 минута за водство од 1:0 против Велс, но гостите израмнија во 90+6 минута.

Добрата игра на Миовски не остана незабележана и од неговиот клуб во којшто настапува. Шпанскиот прволигаш Жирона реши да му честита на Миовски, и тоа на македонски јазик. „Која прослава Бојан“, гласеше пораката на фејсбук-профилот на Жирона.

- Оглас -

Најнови вести