Во „живиот ѕид“ има 11 фудбалери, но тоа не е проблем за новата ѕвезда во Премиер лигата (Видео)

Едно од најпријатните изненадувања во новата сезона од Премиер лигата е тимот на Брентфорд. Со девет освоени бодови, Брентфорд има исто бодови колку Ливерпул и Манчестер јунајтед, а еден помалку од Челзи.

Брентфорд вчера на свој терен одигра одличен меч и со убдливи 5:2 го победи Лидс. Прва ѕвезда кај домаќините беше Иван Тонеј, кој постигна хет-трик. Посебно спектакуларен беше погодокот за 2:0, кога Тонеј погоди од слободен удар. Иако во „живиот ѕид“ имаше вкупно 11 фудбалери плус голманот на гостите, Тонеј успеа да ја најде патеката на топката до мрежата.

Пред само две години овој 26-годишен фудбалер играше во четвртата лига во Англија, а сега е кошмар дури и за најдобрите дефанзивци во светот.

„Никој не веруваше во мене, но Господ веруваше“, беше пораката испратена од Тонеј со фудбалската топка која ја доби како сувенир за постигнатиот хет-трик против Лидс.

- Оглас -

Најнови вести