33.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Во знак на поддршка на Винисиус исклучено светлото на статуата на Исус во Рио (Фото)

Една од најпознатите статуи на светот, „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро, синоќа престана да свети и на тој начин Бразилците се солидаризираа во борбата против расизмот бранејќи го нивниот фудбалер Винисиус, кој е жртва на расистички напади.

Винисиус е честа жртва на напади, а капак беше викендов во Валенсија, кога тој сакаше да го напушти теренот и имаше конфликт со публиката која постојано го нарекуваше мајмун и слични расистички извици.

 

Многу спористи му дадоа поддршка на Винисиус, а со исклучувањето на светлата на статуата во Рио во траење од еден час, и државата Бразил симболично се приклучи во борбата против расизмот и побара од шпанските власти да бидат казнети лицата кои недолично се однесуваа.

- Оглас -

Најнови вести