12.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Водач на навивачите на Партизан бил мета на бомбата во која загина поранешниот ракометар на Вардар

Силна експлозија се случи на 1 октомври во зграда на улицата Косовска во Белград, а смртно настрада некогашниот ракометар на Вардар и манекен Мартин Сипковски. Експлозијата која се случи всушност требало да го убие водачот на навивачите на Партизан од Земун, Т.П. (23 години), пишува српски Курир, а пренесуваат останатите тамошни медиуми.

Овој водач на навивачите ил мета на напад и во нередите кои летоска се случија на мостот „Газела“ во Белград, а во кои учествуваа симпатизери на Црвена ѕвезда и на Партизан.

Судирот меѓу навивачите се случи во јуни оваа година по натпреварот на Партизан на белградската Арена во Нови Београд. По натпреварот, навивачите на Црвена Звезда наводно организирале „сачекуша“ на мостот, а потоа избувнала масовна тепачка, во која биле повредени многумина. Тогаш биле уапсени четри лица.

Наводно, Т.П., кој се смета за еден од водачите на навивачите на Партизан од Земун, во тој момент бил и во еден од автомобилите на мостот. Извор за „Курир“ открива дека станува збор за конфликт меѓу навивачки фракции.

„Конфликтот меѓу фракциите „навивачи“ кои се поврзале со криминални групи трае веќе некое време. Во станот каде што беа убиени манекенка и поранешен ракометар од Македонија поради некомпетентно ракување со експлозивниот „пентрит“, кој има голема разорна моќ. Во истиот стан беа пронајдени шифрирани телефони, кои беа запленети и експертите работат на целосно дешифрирање на пораките во нив. Вниманието беше насочено кон прекар што се појави за време на истрагата за ликвидацијата на Никола Станковиќ Пивце“, откри извор за „Курир“, додавајќи дека оперативните податоци водат до „вештерски клан“.

- Оглас -

Најнови вести