Хари Кејн и Гилфи Сигурдсон постигнаа по два гола во ремито 2-2 помеѓу Евертон и Тотенхем во англиската Премиерлига. Овие два тима на последните пет меѓусебни меча на „Гудисон парк“ дадоа вкупно дури 26 голови.
Кејн се изедначи со Тјери Анри со тоа што во петта различна сезона во Премиерлигата дава барем 20 гола. Сега пред ѕвездата на Тотенхем се само Алан Ширер (седум) и Серхио Агуеро (шест). Со двата гола, Кејн ги надмина Џермејн Дефо и Роби Фаулер, па сега е шести стрелец во историјата на Премиерлигата. Кејн трета сезона по ред дава два гола на гостување кај Евертон и стана првиот во историјата кој направил ваков подвиг на гости против некој англиски ривал.
Уго Љорис нема одбрането ниту еден од последните девет пенали кои му ги шутнаа во Премиерлигата. Карамелите никогаш не утнале пенал против Тотенхем во Премиерлигата, а извеле пет.
Евертон за првпат од декември 2018 има серија од пет лигашки мечеви по ред без победа. Сигурдсон за првпат од февруари 2019 наваму даде два гола на еден првенствен меч.