Алкалоид во Новата година ќе влезе како лидер во домашното првенство, додека Вардар и Еурофарм Пелистер се екипите кои исто така конкурираат за титулата во ракометното првенство.
Во последното 16-то есенско коло, Алкалоид уште во првото полувреме започна доминантно и поведе со 15:6 против Тиквеш, а до полувреме предноста стигна до 12 разлика (21:9). Во второто полувреме фаворитот само рутински го задржа ритамот и на крајот стигна до 15-та победа сезонава, а конечниот резултат беше 35:26.
Вардар беше најубедлив и со 43:22 го демолираше Бутел. Гостите даваа некаков отпор во првиот дел кога резултатот беше 20:13, а во второто полувреме Црвено-црните го зголемија ритамот на игра, постојано ја зголемуваа предноста и на крајот стигнаа до убедливи 21 гол разлика.
Еурофарм Пелистер на гости во Скопје го победи Тинекс Пролет со 37:23. Битолчани брзо поведоа со 12:5 и во ниту еден момент не дозволија домаќините да се понадеваат дека може да стигнат до изненадување.
Во останатите мечеви (обновено): Охрид – Струга 42:25, Куманово – Бисинов 32:25 и Радовиш – Прилеп 22:37.