Амaтерскиот клуб Тамворт, кој се натпреварува во петтата лига на англискиот фудбал, беше на чекор од историска сензација против гигантот Тотенхем во ФА купот. Но, покрај драматичниот меч, приказната за Хејден Холис, 32-годишен стопер и водоинсталатер, ги освои срцата на фудбалските фанови.
ФА купот традиционално е натпреварување кое овозможува на аматерските клубови да сонуваат големи сништа, а Тамворт оваа година ја запиша една од најубавите приказни во историјата на овој турнир.
На мечот кој се одигра денес, Тамворт успеа да го задржи резултатот 0-0 во регуларните 90 минути против тим чија почетна постава вреди над 300 милиони фунти. Во продолжението, аматерскиот клуб имаше две големи шанси да приреди шок и да се пласира во следната рунда, но на крајот Тотенхем успеа да постигне два гола и да избегне пораз.
A performance to be proud of!
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 12, 2025
The @Emirates Player of the Match, Haydn Hollis 👏#EmiratesFACup pic.twitter.com/JdS9tmeXAu
Иако Тотенхем се пласираше понатаму, наградата за играч на мечот отиде кај Хејден Холис, стоперот на Тамворт. Со 32 години, овој аматерски фудбалер, кој преку ден работи како водоинсталатер, успеа да ги неутрализира напаѓачите на Тотенхем и да го води својот тим во историскиот настап.
Холис започна како талентиран млад играч во Нотс Каунти, но неговата кариера не достигна професионални височини. По бројни позајмици и настапи во пониски лиги, минатото лето пристигна во Тамворт, каде со својата посветеност и лидерство стана клучен играч на тимот.