9.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Водство на полувреме, ќе биде ова рутинска победа на македонските кошаркари

Македонија води против Луксембург со 44-32 по првото полувреме на натпреварот од третото коло од претквалификациите за Светското првенство во кошарка кое ќе се игра во 2029 година.

На мечот во реновираната сала „Градски парк“ која и покрај најавите дека сите билети се продадени, не е исполнета до последно место, македонскиот национален тим на дебито на селекторот Жосеп Марија Берокал најверојатно ќе триумфира, но не блеска со некоја којзнае колку добра игра.

Им требаше малку време на македонските кошаркари да се привикнат на стилот на игра на противникот, а потоа постепено разликата се зголемуваше и нашата репрезентација покажа дека оправдано ја има фаворитската улога.

Андреј Јакимовски со 11 поени е прв стрелец во македонската селекција по првото полувреме, Виктор Ефремовски има 10, Итан Хап е прв скокач со 8 скока, а Марин Петков има шест асистенции како најдобар додавач.

- Оглас -

Најнови вести