Воена зона пред „Камп ноу“. Вооружени полицајци, гас-маски, кучиња, демонстранти… (Видео)

Вооружени полицајци опремени со гас-маски на секој чекор , полициски кучиња, огради на секој чекор, сè поголем број демонстранти е само дел од декорот околу стадионот „Камп ноу“ пред старот на Ел Класико. Никогаш претходно немало ваква безбедност пред дуел на Барселона и Реал Мадрид.

Мечот требаше да се игра во октомври, но поради демонстрациите и немањето безбедна ситуација, тогаш средбата беше одложена за денеска. И сега тензиите се огромни, но и безбедноста е на највисоко ниво досега.

Вооружени полицајци има на секој чекор, се проверуваат шахтите околу стадионот да не има случајно подметнато бомба, полициски кучиња го проверуваат секој агол на и околу стадионот. Како што се оечкуваше, сè поголем е бројот на демонстрантите кои се собираат пред стадионот, но засега нема поголеми проблеми.

 

- Оглас -

Најнови вести