Воините мора да ја добијат следната битка со Рептилите

Голден стејт вориорс – Торонто репторс (03 часот – Четврти натпревар, финале. Торонто води 2-1)

Торонто изненади со „брејкот“ во „Оракл“ во третата пресметка и го презеде водството во финалната серија. Десеткуваните Вориорс се потпреа на квалитите на Стеф Кари, но и неговите 47 поени не беа доволни да се избегне поразот. Добра вест за тренерот Кер е што Клеј Томпсон ќе може да игра ноќеска, но Дурант, најефикасниот играч во овие разигрувања, и натаму е отсутен поради повреда.

Како и да е, на шампионот му е потребно блескаво издание на „сплеш браќата“, бидејќи ако претрпат уште еден пораз пред своите навивачи, ќе бидат во незавидна позиција, со 1-3 ќе треба да гостуваат во Торонто во петтиот меч.

Предлог тип: 1 хен. -6.5 (2.10)

 

Торонто ФК – Спортинг Канзас сити (01 часот, МЛС лига)

Торонто веќе шест меча е без триумф, четири порази и две ремија за шампионот од 2017 година не се претпознатлив учинок. Секако, влијае и отсуството на најдобриот нивен голгетер и репрезентативец на САД, Џози Алтидор, но во пресрет на овој дуел и Канзас се мачи со бројни повреди.

Сепак, традицијата е во полза на Канзас. Во последните 10 меѓусебни средби, Торонто победи само еднаш, и тоа во 2013 година, седум триумфи се за Спортинг, додека последните две средби завршија со реми. За да се прекине овој негативен скор, Торонто мора да слави ноќеска и да излезе од амбисот.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Васко де Гама – Интернасионал (01:30 часот – Серија А Бразил, осмо коло)

Четирикратниот бразилски првак е без победа во првите седум кола во новата сезона. Во тие дуели издвоија три ремија, додека четирите порази ги донесоа до последната позиција на табелата. Интернационал, пак, е при врвот со четири победи, едно реми и два порази во претходните сеум меча, a планира и по пет меча да остане непоразен.

Ефикасноста е на високо ниво во претходните шест меѓусебни дуели на овие две екипи. Трите победи на Интернационал се убедливи со 6-0, 5-3 и 3-1, додека Васко еднаш триумфираше со конечни 3-1, а два меча се одиграле со резултат од 1-1. Ако се земат предвид овие резултати, тогаш може да се очекува нова голеада.

Предлог тип: X2 & 2-5 (2.10)

 

Понте Прета – Борафого СП (02:30 часот – Серија Б Бразил, седмо коло)

Двете екипи покажуваат дека ќе се борат за првите четири места сезонава. Домаќинот од овој дуел засега стои на четвртата позиција на табелата со 11 бода, односно три победи, две ремија и еден пораз по шест кола. Ботафого има за нијанса подобар учинок, тој се втор со 15 бода, еден помалку од лидерот Брагантино, а оствари пет победи и само еден пораз досега.

Историјата вели дека реми е најчест резултат кога овие две екипи играат меѓусебе. Од последните пет средби, Понте Прета и Ботафого делат по една победа, а трите ремија завршија со идентични 1-1. Сепак, треба да се знае дека Ботафого како гостин кај Понте Прета нема победа во 21 век, така што нема да биде изненадување ако и ноќеска не се случи тоа.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.12)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести