Воините на Симеоне никогаш не се предаваат: Атлетико даде три гола за половина час и ја порази Севиља (Видео)

Атлетико Мадрид ја продолжи победничката серија во Ла Лига откако во „луда завршница“ ја победи Севиља на домашен терен со 4-3. Воините на Диего Симеоне имаа негатива од 1-3, но потоа за половина час постигнаа три гола и дојдоа до триумф.

Родриго де Пол во десеттата минута донесе водство за Атлетико Мадрид, но потоа Севиља покажа дека може да биде многу опасна. Лукебакио израмни, а Ромеро направи пресврт. На почетокот на вториот дел Хуанлу Санчез зголеми на 1-3 во 57-та минута.

Но, и тогаш Атлетико не се предаде. Гризман во 62-та минута со погодок ја врати надежта, Лино израмни на 3-3 во 79-та минута, а во судиското продолжение Антоан Гризман постигна победнички гол и предизвика делириум на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести