Воините не можеа да го запрат Морант, гордоста и тројките на Бостон посилни од Елените (Видео)

Мемфис гризлис изедначи на 1-1 во серијата против Голден стејт вориорс, а тоа го направи и Бостон селтикс против Милвоки бакс.

Гризлите предводени од Џа Морант, кој уфрли дури 47 поени, го совладаа Голден стејт со 106-101, па со нерешен резултат одат во Сан Франциско, каде што ќе се играат следните два меча. Морант стана третиот играч во историјата на НБА-плејофот, по Коби Брајант и Леброн Џејмс, кој на два плејоф-меча дал над 45 поени, пред да наполни 23 години. На овој меч имаше и грубости и две исклучувања.

Голден стејт даде само седум тројки, реализираа прескромни 18 отсто од шутевите за тројка, па поразот беше речиси неибежен.

И Бостон одговори со победа над првакот Милвоки, по брејкот на Бакс на првата средба. Селтикс славеа со 109-86, а домашните погодија 20 тројки, што е нивен клупски рекорд. Џејлен Браун и Џејсон Тејтум постигнаа 30, односно 29 поени, со што беа творци на триумфот. Милвоки се мачеше за секој шут, реализира само три тројки, а Јанис Адетокумбо заврши со 28 поени.

Ова е крајно неспортски и нечист прекршок на Брукс над Пејтон, по кој играчот на Мемфис беше исклучен, а играчот на Вориорс се здоби со скршеница на лактот:

https://twitter.com/i/status/1521672284913553408

- Оглас -

Најнови вести