Вечерва ќе се играат четири натпревари во НБА-лигата и за кои Sport Life подготви одлична понуда . На три меча има 161 комбинација за играње, а еден има 43 комбинации.
Најинтересно се очекува да биде во „Чејс центар“ каде Голден Стејт вориорс ќе игра против Бостон селтикс. Ова е дуел меѓу екипи кои имаат 24 шампионски титули, Бостон има 17 трофеи во своите витрини, а Воините имаат седум.
Голден Стејт кој во последните шест сезони, дури трипати ја освојуваше титулата, игра многу послабо од очекувањата и има учинок од 12 победи и 14 порази.
Бостон селтикс кој заедно со Минесота тимбервулфс имаат најдобар учинок во целата лига, 20 победи и пет порази, е голем фаворит на вечерашниот дуел и квотата за триумф изнесува 1.50.
Апсолутен фаворит е и Милвоки бакс кој игра против најслабиот тим во Западната конференција, Сан Антонио спарс кој пак ќе игра без првиот избор на годинешниот драфт, Виктор Вембањама.
Во понудата на Sport Life има можност и да се игра на поени на кошаркарите. За вечерва има 29-мина кошаркари во играта „плус-минус“ поени.