8364 Мемфис гризлис – Голден стејт ворирорс (НБА, 03:30 часот)
Голден стејт има предност од 3:1 и со евентуална победа вечерва ќе бидат првиот тим којшто ќе се пласира во финалето на Западната конференција.
Голем проблем за Мемфис е тоа што Џа Морант го повреди зглобот на минатиот натпревар и неговиот настап вечерва е под голем знак прашалник. Но, и да се појави, јасно е дека тој нема да биде максимално подготвен.
Од друга страна, „сплеш“ браќата Стеф Кари и Клеј Томпсон се подготвени да одиграат уште една маестрална партија.
Предлог тип: 2&>219.5 (3.25)
8361 Бостон селтикс – Милвоки бакс (НБА, 01:00 часот)
Овие две екипи ја играат најинтересната плејоф-серија сезонава и резултатот во моментов е израмнет (2:2).
Навистина ќе биде тешко да се прогнозира која од екипите ќе се пласира во финалето на Истокот, а вечерва, барем според коефициентите, Бостон ја има предноста.
Јасно е дека „ТиДи гарден“ ќе биде огромен мотиватор за селтикси, но актуелниот првак предводен од Јанис Адетокумбо исто така ќе има што да каже. Ние очекуваме тесен и неизвесен натпревар, како и тоа дека гостите нема да загубат со повеќе од пет поени разлика.
Предлог тип: 2 со хендикеп, +5.5 (1.95)
8331 Флорида пантерс – Вашингтон кепиталс (НХЛ, 01:30 часот)
По четири одиграни средби, резултатот меѓу овие две екипи е израмнет, па така тој што ќе победи вечерва, ќе биде многу поблиску до пласман во наредната плејоф-фаза.
На двата натпревари каде што екипата од Флорида досега беше домаќин, видовме по една победа на двете страни, но и точно по шест голови на средбите (5:1, 2:4).
Александар Овечкин ќе се обиде да му донесе „брејк“ на Вашингтон, но јасно е дека задачата ќе биде навистина тешка бидејќи на спротивната страна имаат квалитетен противник којшто ја има благата фаворитска улога, но навистина е тешко да се прогнозира конечниот исход на оваа средба.
Предлог тип: >5.5 (1.45)
8479 Стеф Кари (Мемфис гризлис – Голден Стејт ворирорс, 03:30 часот)
Најдобриот играч на Голден стејт, воедно и најдобар тројкаш во историјата на НБА-лигата, како што напишавме погоре, ќе го понесе својот тим кон финалето на Западната конференција.
Големиот број игри коишто ги нуди Sport Life нуди можност за еден „бонус“ токму за Кари. За него има граница од 3,5 постигнати обиди за три поени, а и квотата за да биде плус е навистина одлична и не треба да се пропушти.
Предлог тип: Стеф Кари >3.5 постигнати тројки (1.70)
8337 Калгари флејмс – Далас старс (НХЛ, 03:30 часот)
Во двете средби кога Калгари беше домаќин, видовме исклучително мал број погодоци, а кога серијата е навистина израмнета (2:2), ништо поразлично нема да биде и на оваа средба.
Конечните исходи од последните две средби се 0:2 и 1:0 , а јасно е дека и сега ќе има голема битка иако е навистина тешко да се каже дека ќе видиме иста средба како претходните две.
Но, мала е веројатноста и овојпат да биде префрлена границата од 5.5 погодоци, па затоа се надеваме на „реприза“ од претходно.
Предлог тип: <5.5 (1.80)