Голден стејт вориорс се пласира во второто коло од плејофот во НБА-лигата откако во решавачкиот седми меч победи, и тоа на гостински терен против Хјустон рокетс со 103:89. Воините одат во следната фаза со 4:3 во победи и сега за противник го имаат тимот на Минесота.
Голден стејт водеше со 3:1 во победи против Хјустон, но прокоцка две меч-топки, за сега на гостински терен да стигне до посакуваната четврта победа. Воините уште од стартот започнаа сигурно и водеа, а пред крајот на првото полувреме имаа и 14 поени предност (48:34).
Во второто полувреме гостите постојано ја чуваа предноста и на крајот заслужено се радуваа на пласман во второто коло од плејофот. Бади Хелд блеска и со 33 поени (погоди девет тројки од 11 шута) беше најефикасен во тимот на Голден стејт. Одличен беше и Стеф Кари со 22 поени, 10 скока и седум асистенции, а Батлер заврши со 20 поени. Кај Хјустон прв стрелец беше Томпсон со 24 поени.
Во источната конференција од плејофот, Индијана поведе со 1:0 во втората рунда против Кливленд, откако Пејсерси победија на гости со 121:112. Во неизвесен меч, гостите беа подобри во последната четвртина, која ја добија со седум разлика и стигнаа до брејк.