39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Војчех Шчесни по седум години си замина од Јувентус

Полскиот репрезентативен голман Војчех Шченсни по седум години во Торино си замина од Јувентус. Тој со Старата дама спогодбено го раскина договорот и сега е слободен да бара нова средина.

Шченсни во својата кариера бранеше и за Арсенал, Брентфорд и Рома, а во 2017 година пристигна во Торино. Како причина за разделбата е фактот што по доаѓањето на Тијаго Мота како тренер на Јувентус, полскиот голман падна во втор план, а шанса да брани повеќе добиваше Матија Перин.

- Оглас -

Најнови вести