Војдан: И во Романија одиме на победа

Десет кошаркари се појавија на првиот собир на македонскиот машки национален тим, на стартот на подготовките за гостувањето кај Романија во четврток. Ги немаше селекторот Давитков кој доаѓа утре, Костоски кој најави дека нема да се појави вечерва, Маслинко кој има повреда, како и интернационалците Хендрикс и Ѓуроски. Екипата треба да се комплетира во вторник претпладне откако Хендрикс ќе дојде во Скопје во понеделник. Тимот в среда треба да замине за Плоешти, каде ќе води битка со домашните за освојување на првото место во групата.

На Македонија и одговара победа или пораз до 14 поени разлика, но „црвено-жолтите“ најавуваат дека одат на победа и нема да калкулираат.

„Мора да одиме да победиме и да го завршиме циклусот како што го почнавме. Не треба да мислиме на тоа дека е доволен и пораз до 13 разлика. Добро би било некои од помладите да играат повеќе, со Косово и Романија покажаа дека може да се смета на нив во иднина. Ако се најдеме во квалификациите за ЕП што ни е цел, најажно ќе биде да имаме силни пријателски мечеви, бидејќи само така ќе напредуваме и ќе видиме до каде сме“ – изјави капитенот Војдан Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести