2.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

Настапот синоќа против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа со Тодор Гечевски.

В понеделник на гостувањето кај Азербејџан, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром и капитен на репрезентацијата, Стојановски, ќе влезе во историјата како прв кошаркар со 90 настапи на официјални мечеви за Македонија.

Војдан речиси 20 години е дел од националниот тим, никогаш не ги одбиваше повиците на селекторите, играше и на Евробаскетите во 2009, 2011, 2013 и 2015 година и еве на прагот е да стане рекордер и да испише нова светла страница во историјата на мак-баскетот.

Стојановски е и четврти стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија, уште против Азербејџан може да го надмине Гечевски и да стане и трети, па пред него да бидат само Петар Наумоски и Врбица Стефанов.

- Оглас -

Најнови вести