Атлетико Мадрид иако се сметаше за една од екипите кои можат далеку да стигнат во Лигата на шампионите, испадна од елитното натпреварување и од Европа и само еден фудбалер имаше храброст да се појави пред навивачите по поразот од Порто од 2:1.
Поради агресивниот стил на игра, играчите на Атлетико Мадрид беа нарекувани „војниците на Симеоне“, но вчера по поразот од Порто се претворија во кукавици, односно само Саул Нигез имаше храброст да се соочи со навивачите.
Околу 2.000 навивачи на Атлетико допатуваа да го бодрат својот тим, но доживеаја вистинско разочарување со поразот, но и со прикажаната игра на Јорганџиите, па по мечот сакаат да се соочат со фудбалерите.
https://twitter.com/i/status/1587532890656612360
Но, играчите по последниот свиреж на судијата, се упатија во соблекувалната и само Саул Нигез застана пред нив. Фудбалерот со солзи во очите стоеше пред навивачите, кои бараа од него да ги извади од соблекувалната и да ги донесе на теренот, но тоа на крајот не се случи.