Војводи направија фешта за јубилејот 35 години постоење и 70 години Тетекс (Фото+Видео)

Една од најстарите навивачи грипи во Македонија, Војводи од Тетово, направија одлична атмосфера на дерби дуелот против Пелистер кој се игра во моментов. Војводи се формирани во далечната 1988 година и сега слават убав јубилеј од 35 години.

По првото полувреме, Пелистер води со 1:0, а по само седум минути во вториот дел, односно во 53 минута се случи уште една фешта, кога беа запалени голем број на факели.

Оваа минута е специјално одбрана, во знак на годината на основање на Тетекс, 1953 година. Тетовската фудбалска гордост слави 70 години од постоењето.

- Оглас -

Најнови вести