“Војводи“ со сезонски билети ќе го помагаат Тетекс: “Купи сезонски билет – помогни брендот да постои“

Навивачката група на Фудбалскиот Клуб Тетекс од Тетово, “Војводи“, преку социјалните мрежи соопшти дека започнува акција за продажба на сезонски билети за следната сезона по цена од 1.000 денари, средства кои ќе се искористат во функционирањето на клубот.

Тетекс иако беше во незавидна позиција минатата сезона, сепак со фантастичен финиш успеа да стигне до опстанокот во второлигашката конкуренција и во следната сезона со зголемени амбиции влегува во Втората лига.

– “Ви ги претставуваме сезонските билети за претстојната 2023/2024 сезона во 2МФЛ. Сите знаеме како се изборивме за опстанок минатата сезона, ја добивме таа битка – но војната не е добиена. Оваа сезона ќе биде уште потешка од минатата, па затоа сите ние, прво како навивачка група, а потоа и како љубители и симпатизери на нашиот бренд ФК ТЕТЕКС, имаме должност да го купиме овој СЕЗОНСКИ БИЛЕТ – и да помогнеме на нашиот клуб. Со купувањето на сезонскиот билет не помагаме само на ФК ТЕТЕКС, бидејќи тој не е само клуб, ТЕТЕКС претставува столб на македонштината во Тетово. Упатуваме повик до сите браќа, заедно и сплотени да го воздигнеме нашиот бренд и да го вратиме таму каде што припаѓа…“ – се вели во соопштението на навивачката група “Војводи“.

Сезонските билети ќе се продаваат на следните локации:

– Sport Life Тетовчанка
– Двор 21
– Simple Cafe
– Vibe
– Forum Pizza
– Grill Time Брвеница

- Оглас -

Најнови вести