Екипата на Војводина по освојувањето на Купот на Србија и победата на пенали над белградскиот Партизан, заслужено се радуваше во соблекувалната на стадионот „Чаир“ во Ниш. Една од песните кои се пееја беше „Чирибу, чириба, игра Воша ко Барса“.
Тимот на популарната Воша остана да спие во Ниш, а денеска ќе биде славењето во Нови Сад, каде што трофејот ќе им биде покажан на навивачите. За Војводина, ова е втор куп-пехар во клупската историја.
Слушнете како играчите на Војводина и тренерот Лалатовиќ на цел глас ја грмат песната „Чирибу чириба“: