Вокер е скандал-мајстор, сега мортус пијан се соблекувал пред девојки во бар (Видео)

Дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер, повторно се најде во центарот на англиската јавност со испадите надвор од терените и го натера тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола да се огласи во јавноста.

Англискиот репрезентативец пред неколку дена е снимен како мортус пијан се соблекува пред девојки и ги допира по градите.

Полицијата отвори истрага откако таблоидот „Сан“ објави видео снимка на која се гледа како Вокер во два наврати ги соблекува панталоните во бар во Манчестер.

Поради испадот на Вокер, се огласи Гвардиола кој изјави дека тоа е приватна работи и дека таквите работи ги решаваат меѓу себе.

„Тоа е наша работа, и ние го решаваме меѓу нас. Сметам дека медиумите не се место за такви теми. Фудбалерите мора да знаат дека што ќе ја отворат вратата од нивниот дом, тие стануваат мета на папараците. Тоа е дел од нашата работа и мора да го сфатат и да ги прифатат тие правила“, изјави Гвардиола.

Ова не е прв скандал на Вокер, тој за време на пандемијата на коронавирусот, прво мортус пијан возејќи го својот автомобил, оштетил околу 20-тина други автомобили, а за вториот инцидент беше испитуван во полиција.

Имено, додека во Обединетото Кралство беше на сила локдаун, Вокер организира забава на која заедно со пријатели повика неколку проститутки

- Оглас -

Најнови вести