Вокер за разделбата со Сити: „Имав непријатен разговор со Пеп, па сè што освои тој – освоив и јас“

Кајл Вокер неочекувано го напушти Манчестер сити и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен во членот на Серија А, Милан. Клубот од Италија ќе има можност и да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната, а ќе му ја исплаќа и целата плата за време на позајмица.

Поранешниот капитен на Манчестер сити на прес-конференцијата одговараше на новинарски прашања, а дел беа и за причините поради кои ги напушти Граѓаните.

„Беше очигледно дека ситуацијата во Манчестер сити не беше добра и не играв онолку колку што сакав. Дојдов во голем клуб, Милан, се надевам дека ќе играм повеќе отколку во Англија. Сакам да освојувам трофеи. Кога разговарав со Пеп, беше непријатно. Сè што освои тој во Манчестер сити, освоив и јас. Се почитуваме, а тој знаеше што носам јас во соблекувалната“, рече Вокер.

Кајл Вокер во 2017 година се пресели од Тотенхем во Манчестер сити и за Граѓаните одигра вкупно 319 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести