Рома ќе биде осетно хендикепирана за мечот против Верона утре, а клубот објави дека четворица фудбалери имаат позитивни тестови на ковид-19.
Сè уште не е објавено за кои играчи се работи, но тие веќе се во изолација. Рома објави и дека се внимава на комплетната ситуација и со останатите фудбалери, кои засега немаат симптоми на корона-вирус.
Можно е Волчицата да побара и одложување на мечот од 26-тото коло, што треба да се игра во Рим, утре од 18 часот.