Волчицата конечно ќе победи, во Португалија има една сигурица за спас

3004 Рома – Венеција (20:45 ч.)

Рома има четири меча без победа во Серија А и поради тоа Римската волчица го загрози местото кое треба да им донесе пласман во европските купови за следната сезона. Рома има 59 бодови на петото место, колку што имаат Фиорентина и Аталанта кои се зад нив.

Токму затоа, време е тимот на Жозе Мурињо да победи и тоа против екипата која ќе биде испратена во Серија Б.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.13)

 

1306 Еспањол – Валенсија (18:30 ч.)

Дуел на единствените две екипи кои во Примера немаат победа во последните пет кола. Валенсија дури седум кола се нема израдувано, но тоа не им е некој проблем затоа што Лилјаците се сигурни на средината на табелата, а немаат шанси за излез во Европа.

Еспањол е еден од подобрите тимови на домашен терен со само четири порази во 18 средби, па тимот од Барселона не смее да си дозволи да загуби од еден противник кој е без мотив.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.91)

 

1012 Шефилд јунајтед – Нотингем Форест (16 ч.)

Ова е прв полуфинален меч за влез во Премиер лигата, а Шефилд мора да ја искористи предноста на домашен терен, затоа што за три дена е реваншот кога Нотингем ќе има пред своите фанови.

Двата меча на овие два тима сезонава заврши идентично, 1:1, што само покажува на израмнетоста на екипите. Шефилд во последното коло од регуларниот дел убедливо со 4:0 го растури Фулам кој веќе е во Премиер лигата, па тоа е дополнителен мотив за домаќините дека може да обезбедат предност пред реваншот.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

3002 Удинезе – Специја (18 ч.)

Удинезе има мирна завршница, додека Специја со четири порази по ред се најде во ситуација уште да не е сигурно спасена.

Специја има една од најлошите одбрани во лигата, а Удинезе е тим кој игра отворено, па досега даде 55, но и прими 55 гола во 36 кола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

1617 Тондела – Боависта (16:30 ч.)

Во Португалија се игра последното коло, а Тондела е на 16 место кое води во доигрувањето за спас од испаѓање. Едноставно Тондела мора да победи за да биде сигурна дека нема директно да испадне, а дури може и да се спаси.

Боависта е без мотиви за игра, а интересно е дека последните пет меча на овие два тима биле гол-гол, но овојпат е веројатно дека домаќинот ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.85) – квота од Супер тип

- Оглас -

Најнови вести