Фиорентина – Рома (20:45 ч.)
Фиорентина како да заборави да победува во Серија А, па шест средби е без радост. Виолетовите сепак покажаа дека не се предаваат и играат до крај, па на последниот меч со гол во 92-рата минута стигнаа до реми против Интер. Рома е тим кој во последните 16 меча во сите натпреварувања има само два порази, но интересно е дека Римската волчица во последните четири меѓусебни средби нема победа над Фиорентина.
Рома на гости сезонава прими само пет гола во осум меча, а и Фиоретина нема некој убиствен напад.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.25)
Хофенхајм – Борусија Дортмунд (20:30 ч.)
Борусија е како машина за голови и на последните пет меча во Бундеслигата даде дури 17 погодоци. И Хофенхајм знае да игра офанзивно, а тоа го покажуваат и меѓусебните дуели. На последните 10 средби на овие два тима секогаш било ГГ – двата тима да дадат барем по еден погодок (седум средби се ГГ3+).
Хофенхајм ја има една од најслабите одбрани во лигата, па тоа е само уште една причина дека може да веруваме дека ќе има погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.68)
Еибар – Гранада (21 ч.)
Двете екипи се во лоша серија, а Еибар на своја страна го има домашниот терен, но и традицијата. Во последните четири меча против Гранада, Еибар победувал, а претходно двапати ремизирал, што значи дека е енигма за Гранада. Над три погодоци на меч е просекот на последните четири натпревари, а фактот дека и двете екипи имаат лоши одбрани, најавува дека може да има возбудлив дуел.
Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.12)
Мехелен – Остенде (20:30 ч.)
Домаќините се фаворити, но на последните четири средби во првенството освоија само еден бод. Токму затоа мечот против Остенде доаѓа во вистински момент. Остенде има седум порази на деветте гостувања сезонава, па реално гостите нема што да бараат на овој меч.
Предлог тип: 1 (1.73)
Мидлсборо – Стоук (20:45 ч.)
Два тима кои некогаш беа дел од елитата, а сега ќе се борат да не испаднат од втората лига во Англија. Главна причина поради која се во опасната зона е слабата одбрана и на Мидлсборо и на Стоук, но интересно е што традицијата вели дека на последните пет меѓусебни средби немало повеќе од два погодоци.
Предлог тип: 0-2 (1.71)
Квоти на денот во Sport Life за денеска се:
Хофенхајм – Борусија Д. Т21+&1+II (2.45)
Фиорентина – Рома Х2&2-4 (2.25)
Еибар – Гранада 1&T1 2+ (3.05)