28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Волчицата приреди спектакл, со пет гола во првото полувреме ја декласираа Болоња (Видео)

Рома приреди спектакл во првото полувреме на „Ренато Дал Ара“, ја победи Болоња со 5:1, а сите голови беа постигнато во првото полувреме.

Имаше уште еден поништен погодок за Волчицата во првиот дел и по уште еден на двете страни во второто полувреме во најефикасниот меч од 11. коло во Серија А.

За само 15 минути Рома на фуриозен начин поведе со 3:0, а се почна со автоголот на Поли во петтата минута. Во интервал од по пет минути потоа погодуваа и Џеко и Пелегрини, па победникот беше познат уште во раната фаза од мечот.

Нов автогол имаше во 24. минута, а го постигна Кристанте за 1:3, што и даде надеж на Болоа за подвиг, но го уништија гостите со уште два гола во првиот дел.

Верету и Мхитаријан беа прецизни за 1:5 по првото полувреме, но и за ккнечен резултат. На Рома и беше поништен уште еден гол во ефикасното полувреме во Болоња, а го постигна Спинацола, но беше во офсајд.

Два гола имаше и во вториот дел, но беа нерегуларни, па мечот заврши со убедлива победа на гостите од Рим.

Прва победа во Серија А откако стадионот во Неапол е преименуван во „Диего Армандо Марадона“ забележа Наполи, а за тоа им требаше пресврт.

Сампдорија најави изнендување во 20. минута со голот на Јанкто, но подвиг на гостите спречија Лозано и Петања со голови во вториот дел.

Во последниот меч што почна во 15 часот Аталанта ја декласираше Фиорентина со 3:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести