3010 Милан – Рома (20:45ч)
Росонерите одамна немале перфектен старт на сезоната, со четири победи на исто толку средби во Калчото. Тоа е најава за некои подобри времиња на „Сан Сиро“, каде што вечерва гостува Рома, а Милан цели на петта победа во низа за рано зацврстување на врвот на табелата. Откако избраниците на Пиоли го добија миланското дерби со помош на незадржливиот Ибрахимовиќ, Волчицата застана во редот да биде нова жртва на шведскиот ѕвер. Во последните шест меѓусебни дуели одиграни на „Сан Сиро“, редовно имало победник, а Милан и Рома делат по три победи.
Росонерите се во низа од две победи со 2-0 и 2-1, а со оглед на тоа дека сезонава во просек постигнуваат два гола, ефикасноста не би требало да биде проблем за домаќините. И Рома ја подобри формата, но вечерва ја очекува прв пораз на терен, откако претходниот е службен против Верона поради административни проблеми.
Предлог тип: 1 & ГГ (3.60)
1003 Брајтон – ВБА (18:30ч)
По повеќе од две и пол години Брајтон и ВБА ќе ги одмерат силите во премиерлигашки меч, а ова е дуел кој може да се реши со еден или два гола, со оглед на лошата форма која ја негуваат двете екипи од стартот на сезоната. Во пет кола, досега Брајтон има една победа повеќе од ВБА, односно тимот на Славен Билиќ уште се нема радувано на триумф по претрпени три порази и две ремија.
ВБА е трета екипа со најлош учинок во примени погодоци досега, дури 13, само Ливерпул и Фулам (по 14) се пред екипата која ја предводи хрватскиот стратег во оваа стастистика. Брајтон досега постигна барем еден гол во сите средби, дури и во мечевите кои ги загуби од Челзи, Манчестер јунајтед и Евертон.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)
1010 Барнли – Тотенхем (21ч)
Поразот од Евертон во првото коло е одамна заборавен, Тотенхем влезе во ритам и доби осум од последните 10 средби во сите натпреварувања само со две ремија. Сон и Кејн се во страшна форма и вечерва треба да продолжат во исто темпо. Барнли е еден од поомилените противници на Кејн со осум гола во девет меча и како што тргнала работата, ќе има прилика уште вечерва да стигне до двоцифрен учинок против екипата предводена од Шон Дајш.
Само еден бод од можни 12 по четири кола, јасно е дека Барнли е во незавидна ситуација и сезонава ќе се обиде да преживее во елитата. На последните пет гостувања на Петлите кај Барнли немало повеќе од три гола, така што добро размислете дали сакате да ја типувате оваа средба на голови, без разлика што Тотенхем е една од најфикасните екипи моментално во англискиот шампионат.
Предлог тип: 2 (1.60)
1809 Баер Леверкузен – Аугсбург (20:30ч)
Време е за Леверкузен да проработи и конечно да постигне повеќе од еден гол во лигашки меч и покрај тоа што недостасуваат бројни првотимци во нападот. Аугсбург покажа цврстина по четири натпревари, но има катастрофален учинок во девет последователни гостувања на „Бај арената“, од кои загуби шест, а во пет од нив не знае за погодок.
Триумф на домаќините ќе значи и приклучок на водечките екипи на табелата, а воедно ќе се задржи серијата без пораз на пет натпревари, па затоа е логично да се типува во корист на Фармацевтите.
Предлог тип: Т1 2+ (1.51)
1308 Леванте – Селта Виго (21ч)
Со три порази во низа, Леванте и Барди паднаа во црвената зона, каде што се води битка за опстанок, но со оглед на тоа дека шпанското првенство е во рана фаза, се очекува набрзо тимот од Валенсија да се издигне и да преслика неколку доби моменти од минатата сезона. Леванте има само три бода од пет досегашни средби во Ла Лига, што значи дека што побрзо е потребна победа за да не падне самодовербата кај фудбалерите.
Средбите со Селта редовно се забавни и ефикасни, а Леванте славеше во последните три од нив, и тоа со просек од три постигнати погодоци. Сепак, со оглед на формата, не се очекува голеада на стадионот кој е дом Вилјареал бидејќи и Селта е во слична ситуација како и домаќините.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.80)