Рома ја оствари петтата победа во Серија А оваа сезона откако на „Олимпико“ ја совлада Парма со 5-0. Пауло Дибала беше двоен стрелец и инспиратор на триумфот на Волчицата.
Дибала го отвори резултатот во осмата минута, а Салемакерс зголеми на 2-0 само пет миути подоцна.
На почетокот на вториот дел Дибала повторно погоди, а до крајот во листата на стрелците се запишаа и Паредес од пенал, и Довбик.