Екипата на Рома со минимални 1-0 го доби градското дерби против Лацио и остана во игра за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Со оваа победа „римската волчица“ му се одмазди на Лацио за поразот во Купот на Италија со истиот резултат.
Единствениот погодок на мечот беше постигнат во 42-рата минута, кога Џанлука Манчини го пронајде патот до мрежата на Лацио.
Со оваа победа, Рома се искачи на петтата позиција на табелата со 55 бода, два помалку од четвртата Болоња, која има и натпревар помалку.