Волчја ноќ во Лигата на Европа

Дебаклот кој го претрпе Борусија Менхенгладбах на домашен терен против австриски Волфсбергер со 0-4 е најшокантниот резултат во првото коло од новата сезона во Лигата ан Европа. Волфсбергер е клуб дебитант во групната фаза на Лига Европа и никој не очекуваше дека може на гости да декласира германски прволигаш.

Вечерашните мечеви ги одбележа интересен податок дека освен англискиот Вулверхемптон, кој загуби од Брага, останатите „волци“ во Лигата на Европа, како Рома, Волфсбург и Волфсбергер извојуваа убедливи победи.

Бешикташ не го преживеа киксот на Лорис Кариус и загуби во Братислава, а Партизан во интересен меч со пресврти и само деца на трибините освои бод против АЗ Алкмар, иако се обидуваше да дојде и до полн плен бидејќи цело второ полувреме играше со човек повеќе. Манчестер јунајтед минимално ја победи Астана со дебитантскиот гол во сениорската кариера на 17-годишниот Мејсон Гринвуд, а најубедлив беше Лудогорец, кој ја растури московската ЦСКА иако Русите на полувремето водеа со 1-0.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ОД 21 ЧАСОТ: Рома – Башакшехир 4-0, Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0-4, Еспањол – Ференцварош 1-1, Гент – Сент Етјен 3-2, Лудогорец – ЦСКА Москва 5-1, Манчестер јунајтед – Астана 1-0, Партизан – АЗ Алкмар 2-2, Порто – Јанг бојс 2-1, Ренџерс – Феенорд 1-0, Слован Братислава – Бешикташ 4-2, Волфсбург – Олександрија 3-1, Вулверхемптон – Брага 0-1.

Ова е акцијата која младиот Гринвуд ќе ја памети цел живот бидејќи првпат даде гол за Манчестер јунајтед и му донесе победа на тимот:

https://www.youtube.com/watch?v=BBKoJj-NY44

- Оглас -

Најнови вести