Волфсбург има „штоф“ да ѝ скрои голови на Борусија Дортмунд

Волфсбург е ефикасен на домашен терен и верувам дека ќе најде рецепт за да ја затресе мрежата на Борусија Дортмунд барем двапати. Во ова коло очекувам и сигурни победи на фаворитите Баерн, Борусија Менхегладбах и на Шалке 04, екипа која игра променливо, но нема избор освен со сите сили да атакува на бодовите против Хановер, вели нашиот експерт за Бундеслигата, Александар Васоски.

 

Еве го неговиот избор од пет натпревари од десеттото коло во една од Топ-5 лигите во Европа:

 

Баерн Минхен – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Немам многу дилеми и очекувам сигурна победа на шампионот. Баерн полека, но сигурно излегува од кризата и е голем фаворит. Фрајбург е лош на гостински терен и тешко дека ќе успее да го изненади домаќинот денеска. И билансот во меѓусебните средби покажува кој е фаворит за триумф. Баерн има четири победи по ред против Фрајбург, а денеска очекувам и петта, во меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.61)

 

Баер Леверкузен – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Баер почна да игра како што се очекува, на последните два меча постигна неверојатни 11 погодоци, а противникот е како погоден за меч со многу голови. Хофенхајм е четвртата најефикасна екипа во Бундеслигата, има одлични напаѓачи и игра отворен фудбал, без калкулации, па логичен избор ми е дуел со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.55)

 

Шалке 04 – Хановер (Сабота, 15.30 часот)

Шалке е една од најнестабилните екипи за типување, но  верувам во нивниот квалитет. „Ауф Шалке“ арена е незгоден стадион за гостување, а и позицијата на учесникот во Лигата на шампионите, при дното во Бундеслигата не одговара на квалитетот што го имаат. Типувам сигурна победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

Волфсбург – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Овде ќе се обидам со мало изненадување и ќе типувам дека Волфсбург ќе успее барем двапати да ја затресе мрежата на гостите. Волците на домашен терен постигнуваат доста голови, Борусија знае и да прими по некој гол од добро организирани екипи, а во тој ранг го вклучувам и Волфсбург.

Предлог тип: Т1 2+ (2.45)

 

Борусија Менхенгладбах – Фортуна Диселдорф (Недела, 15.30 часот)

Борусија неочекувано влезе во мини-криза и прими многу голови на последните два меча, дури 8, па ова им е шанса со победа да се вратат во победнички ритам. Фортуна нема триумф на гости, а тешко е да се очекува сефте на „Борусија Парк“, каде утре очекувам домаќините да слават убедливо.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.60)

 

- Оглас -

Најнови вести