Волфсбург за само 45 минути ги реши дилемите за опстанок во Бундеслигата и за првпат во клупската историја од 76 години успеа да постигне пет гола во прво полувреме во меч од германското првенство.
Популарните Волци ја изрешетаа мрежата на Мајнц од осмата до 45. минута, а голови даваа Винд и Крусе.
Данецот Јонас Винд постигна два погодоци, а со хет-трик му се приклучи Макс Крусе во историска вечер за клубот.
5 – VfL Wolfsburg manage to score five goals in the first half of a Bundesliga game for the first time in the club´s history. Record. #WOBM05 pic.twitter.com/qUAivz4IIJ
— OptaFranz (@OptaFranz) April 22, 2022
Волфсбург имаше и полесна задача по исклучувањето на Никлас Тауер и ја искористи шансата за подвиг и пет гола во првиот дел.
Со победа која не може да им побегне Волците речиси сигурно ќе обезбедат опстанок со 37 бода, 9 повеќе од Штутгарт и 11 од Арминија Билефелд.
Гројтер фирт е веќе испаднат со 17 бода на четири кола до крајот на првенството.