Александар Волкановски ќе учествува на спектаклот на УФЦ во Абу Даби и на 11. јули во фантастични услови ќе бие битка за титула против Макс Холовеј.
Претседателот на светската Ултимејт фајт федерација, Дејна Вајт со фотографија од брегот на персискиот залив се пофали дека учесниците ќе имаат досега невидени услови за борба, на отворено, што ветува голем спектакл.
Октагонот е поставен на самиот брег, а Волкановски, или како што го нарекуваат Александар Македонски ќе биде учесник на спектакуларните борби што ќе траат од 11. до 25. јули.