Александер Волкановски е ММА светски шампион во лесна категорија, откако во борбата за трофејот го совлада Диего Лопес. Австралиско-македонскиот борач со оваа победа испиша историја и стана првиот кој успеал да го освои шампионскиот појас после својата 35-та година.
Конечниот резултат гласеше 49-46, 49-46 и 47-46 за Волкановски.
„Добро е што се вратив. Никогаш не сум почувствувал толку љубов. Целата недела велев, им ветив на моите девојки дека ќе им го вратам појасот. Мислам дека многу луѓе не веруваа во мене, бидејќи дојдов после два порази со нокаут. Овој момент е неверојатен.“ – рече Волкановски после победата.